Експерти: Колку е моќно ВМРО-ДПМНЕ ќе видите по овој викенд

 

Тешката политичка криза најавува жестока кампања за декемвриските избори во Македонија. Двете најголеми политички партии во македонскиот политички блок влегуваат во трката на речи си истите позиции на кои ја завршија онаа пред 2 ипол години.
Левицата предводена од СДСМ и Заев, по благиот раст на рејтингот на средина од мандатот на актуелната влада на Груевски со серија лоши потези и погрешни политички се наоѓа во слободен пад. Рејтинг агенциите велат дека причина за тоа е обидот на Заев да се додвори на албанските гласачи, без при тоа да се пресмета загубата кај Македонците. Комуниколозите велат дека станува збор за почетничка грешка во СДСМ која ВМРО-ДПМНЕ нема да пропушти да ја искористи во своја полза.
Дополнителен проблем според нив е неединството во СДСМ, кое секогаш се јавува при објавувањето на кандидатските листи. Причина за тоа, според упатените е неодговорното однесување на лидерот кој се расфрла со функции секаде каде што ќе се појави и ветува се и сешто секому.
Од друга страна, пропадна и обидот на Заев за формирање на десничарска коалиција која би влечела гласови од контото на ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата на Георгиевски, Бошковски и Стојанче Ангелов нема да одвлече доволен број гласови, а онаа на Павле Трајанов, воопшто и не е вредна за споменување.
Анализата на однесувањето на гласачите покажала дека значително се менува мислењето на јавноста за понудата која што Заев се обидува да им ја презентиран а граѓаните. Лидерот на СДСМ е прилично неискусен политичар во менаџирање на проекти во централната власт, па оттука, не е за изненадување што граѓаните воопшто не веруваат на она што тој ќе го понуди.
Експертите велат дека се забележува и дистанцирање на меѓународниот фактор од политиките на СДСМ. Ако до пред неколку месеци, голем број амбасадори практично работеа во кампањата на СДСМ, денеска помошта се сведува на неколку спорадични изјави, а Заев е речи си изолиран и освен протоколарни контакти, влијателните амбасадори веќе не гостуваат на Бихаќка. Информациите се дека и тие се свесни за резултатот од изборите и сметаат дека секој дополнителен ангажман во корист на СДСМ, негативно ќе се одрази врз позициите на дипломатите во нашата, но и во матичните држави.
За експертите незавидната положба на СДСМ, дополнително ќе се влошува, особено ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов работи со 20% од капацитетите. Според нив, СДСМ веќе каска во позадина, а во ВМРО-ДПМНЕ се уште не почнале.
За очекување е владејачката партија од викендов да уфрли во повисока брзина а некаде со стартот на кампањата и со 100% да се посвети на изборната трка и целосно да ја збрише СДСМ.
Пеколното темпо на ВМРО-ДПМНЕ се очекува официјално да стартува во сабота кога партијата најверојатно ќе организира некој настан за да ги промовира своите кандидати за пратеници. Од тогаш, велат експертите, за очекување е до сега невиден интензитет на кампања, односно 24 часовно присуство на кандидатите на владејчката коалиција на терен и во медиумите.
Треба да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ во целиот предизборен период се фокусираше на позитивна кампања, но не треба да се занемари фактот дека партијата можно е во кампањата да излезе со информации кои дополнително ќе го компромитираат лидерот на СДСМ, кој освен аболицијата, на својот грб носи и неколку кривични пријави за сериозни кривични дела кои можат да му донесат и затворска казна.
Што се однесува до изборната трка, од СДСМ треба да се очекуваат неколку поголеми митинзи и средби со граѓани на кои ретко кога ќе се појавуваат повеќе од стотина присутни.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ за очекување е да продолжи со познатата тактика. Големи митинзи во сите градови низ Македонија на кои ќе им претходат серија средби со помал број граѓани во нивните населени места. На овој начин, за очекување е ВМРО-ДПМНЕ до 11 декември да влезе во секој македонски град, во секое село и населено место.
Со оглед на тоа дека станува збор за зимски период, за очекување се неколку митинзи на отворено и поголем број во затворен простор како спортски сали.

 
 
10.11.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега