ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со уште 5 граѓански здруженија
По вчерашните четири, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска потпиша меморандум за соработка со уште пет граѓански здруженија: Фредерација на фармери, Асоцијација на земјоделци, Здружение на припадници на безбедносните сили БЕДЕМ,
Горанско друштво и Здружението на Македонци со исламска вероисповед.
-Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста на граѓаните, на транспарентен начин и партнерство со различни групи во општеството решивме многу прашања и барања на граѓаните. Работата на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на принципи- постоење на обемна и квалитетна програма, отчетно и транспарентно работење, рече Груевски и додаде дека дадениот збор се исполнува со многу работа, чесност и принципи.
-Со целата наша енергија се трудиме да решиме што е можно повеќе прашања, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, вчера беше потпишан меморандум за соработка со 4 граѓански здруженија- Сојузот на земјоделци, Здружение за културно обединување на Бошњаците, Коалиција на Египќаните и Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.
-ВМРО-ДПМНЕ е партнер со граѓаните, таа соработка трае со години, подвлече Груевски, по вчерашното потпишување на меморандумот.
-ВМРО-ДПМНЕ секогаш била отворена за соработка, отворена за секоја идеја која ќе значи напредок за државата, занови успеси, развој и надминување на предизвиците. Секогаш сме биле партнер со граѓаните. Граѓанинот е во центарот на нашето внимание, нашата меѓусебна соработка со граѓанскиот сектор, со вистинскиот граѓански сектор трае со години наназад, истакна вчера Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа