КУРИР: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?
Грозоморната криминално-полициска местенка на Диме Спасов е само еден од примерите кои се одговор на прашањето „До каде се спремни да одат Заев и Спасовски“?, прашува КУРИР.МК
СДСМ и Зоран Заев “обезглавено“ бараа позиции во полицијата, а нивната цел стана веднаш видлива, тие почнаа со злоупотреба на институциите за партиски цели. Зад плаштот на борбата за демократија и слобода, челниците на СДСМ ја узурпираат слободата и ја газат демократијата.
Очигледно е како Спасовски го партизираше МВР, вработувајќи свои луѓе. Уште поскандалозно за јавноста беше вработувањето на криминалци со дебели досиеја, со кои Спасовски очигледно одлично соработува, па и вчера за случајот со Спасов, застана во нивна одбрана.
Со големо право, во јавноста се отвора дилемата дека има партиска полиција чија цел е да следи повеќе лица. Во опасност се сите кои не мислат како СДСМ, а оваа партија е подготвена да следи и да се одмаздува на политичари, професори, аналитичари, доктори и бизнисмени.
Иако станува збор за огромен скандал, граѓаните и експертите воопшто не се изненадени од ваквото однесување на СДСМ. Криминално-полициските местенки на СДСМ и Заев имаат и позадина и подолга историја.
Се отвара прашањето дали СДСМ преку свои структури во МВР и во подземјето располага со некаква партиска полиција која треба да ги гони и да ги мести сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ и сите неистомисленици на Социјалдемократите?- вели Никола Србов во изјава за КУРИР.
– Во изминатиот период бевме сведоци на разни креирани случаи од страна на кадри внатре во МВР кои беа под директна контрола на Оливер Спасовски. Во медиумите се појавија индиции дека бил следен Сашо Мијалков и дека вработени во МВР се обидувале да го набљудуваат неговиот дом. Имавме случај во кој Коста Крпач си го одзеде својот живот а во јавноста излегоа информации дека бил под силен притисок на СЈО и алфите кои ги контролира Оливер Спасовски. Се наметнува прашањето кој сѐ друг е во опасност од ваквите криминални конструкции од страна на Заев и СДСМ. Кога на ова ќе се додаде и Чаушот со неговата „фабрика“ за лажни патни исправи со цел да се искреира лажна слика за цел изборен процес, тогаш сфаќаме дека Заев располага со добро организирани подземни структури кои се во функција на СДСМ. Сведоци сме дека во предизборната кампања на СДСМ се вклучени десетина поранешни шевови на службите за државна безбедност, вклучени се разознавачи кои претпоставувам имаат искуство со монтирани полициски случаи. Кампањата на СДСМ ја водат полициски структури и дел од тие луѓе ги гледаме рамо до рамо со Зоран Заев на протестите на СДСМ. Доколку вакви случаи се креираат пред почетокот на кампањата за престојните избори, не би ме изненадило СДСМ да ја злоупотреби полицијата и на самиот ден на изборите со цел да се фрли дамка врз целиот процес при нивниот се поизвесен пораз на изборите, вели Србов.
Чавков предупреди: Можно е СДСМ повторно да ги употреби партиските војници во МВР за незаконски активности
Незаконското ангажирање на припадници на Алфите можеше да предизвика несогледливи последици, тврди директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во интервју за неделникот Република.
Тој не ја исклучува можноста од нивно повторно користење при нови обиди за предизвикување инциденти и предупредува дека овие 140 незаконски распоредени партиски војници на СДСМ претставуваат опасност и ризик по функционирањето на полицијата.
Оваа изјава Чавков ја даде пред случувањата со Диме Спасов.
-Спомнав дека самото ангажирање на неколку тима од единицата „Алфи“, не само што е незаконски, туку во конкретниот случај е надвор од здравиот разум и опасно со можности за непредвидливи последици затоа што нивниот командант, до неодамна истражител во СЈО, барал да бидат вооружени со автоматски пушки. Со сигурност знаеме дека нивниот командант и началникот на СВР Скопје, исто така до неодамна истражител во СЈО, не само што биле во тек туку не нашле за целисходно да ме информираат мене како директор на Бирото за јавна безбедност. По мојата реакција кон началникот на СВР Скопје, истите така облечени со тренерки веднаш беа повлечени. За тоа, се разбира, ќе има одговорност, но морам да ја искористам оваа пригода за да ја информирам македонската јавност дека во иднина не исклучувам незаконски ангажман на партиски војници кои се распоредени во единицата „Алфи“ и да посочам на опасноста и ризиците по функционирањето на македонската полиција преку околу 140 партиски војници кои се распоредени незаконски, од првиот до последниот. За среќа, сепак, тоа е мала бројка наспроти околу 9.000 професионалци и каква штета и да направат, сепак имаме изградено институционални и системски капацитети кои оваа мала група партиски војници не можат да ги доведат во прашање. Сепак, морам да подвлечам дека самото незаконско распоредување и незаконитоста во нивното работење ќе остави длабоки лузни по системот, среќната околност се, ќе повторам, изградените системски капацитети кои многу пати се потврдени во минатото и сами по себе претставуваат брана пред тенденциите за грубо кршење на законски вградените стандарди, вели Чавков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа