Двојазичноста на СДСМ вечерва промовирана во Арачиново
Зоран Заев, Мухамед Зекири и СДСМ ќе останат запаметени во историјата како првата македонска партија која барала двојазичност, пишува порталот Курир.
Во текстот на порталот се вели дека СДСМ веќе не е македонска партија, откако започна да ги декларира истите барања кои ги има Али Ахмети.
„Двојазичната Македонија за чија федерализација се разговара, е единствениот и главен проект од програмата на СДСМ.
Во историјата останува запишано дека после промената на името, знамето, територијалната, повикот за виткање кичма и отвореното признание дека СДСМ не е патриотска партија, ова е за првпат една партија која била на македонскиот етнос да побара т.е. понуди двојазичност на цела територија и да разговара со албански политичари за редефинирање и федерализација“ – пишува Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа