Врие на Бихаќка: По скандалот на Спасовски вечерва итна седница во СДСМ - се бара помош од СЈО

 

Бура незадоволство вечерва на Бихаќка откако во медиумите беше разоткриен обидот на СДСМ да фабрикува скандал.
Партиски извори велат дека партијата свикала итен состанок на кој партиското раководство се координирало како да го надмине периодот.
Во игра се неколку опции, а најсериозно се размислувало во текот на утрешниот ден или во понеделник да се излезе со прес конференција на СЈО и Катица Јанева.
Раководството вечерва заклучило дека соросовите медиуми немаат доволно моќ за да ги извадат од скандалот во кој ги внесоа Заев и Спасовски, па се прави план, со каква истрага Јанева да се појави во јавност.
Нашите извори велат дека за ова веќе биле направени контакти и се уште се крои стратегијата.
Дел од видните партиски членови кои последниве неколку години се дистанцирани од партијата упатиле сериозни критики за неспособноста на раководството и начинот на кој се обидуваат да креираат скандали во јавноста.

Дел од раководството на СДСМ денеска предупредило дека власта располага со материјали кои сериозно би го нарушиле кредибилитетот на опозицијата во периодот на изборната кампања и дека е неопходно да се креира стратегија за антиципација и намалување на штетата.

 
 
03.11.2016 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега