СИТЕЛ: Криминална хајка против Диме Спасов
-Следеше период во којшто дојдоа многу лица, дел во униформа, повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера, каде што најпрво бев следен, потоа и на два пати по ред, на два обиди, се обидоа напаѓачите да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат. Потоа се обидов да бегам, бев нападнат и од лице коишто примени сила врз мене и впери оружје, впери пиштол во мене. Покрај тоа, на напаѓачите коишто ме следеа, не беа преземени врз нив никакви мерки, односно следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме“, раскажува Спасов за ТВ Нова.
„Заклучив дека се работи за криминално-полициска конструкција, за смислена местенка којашто има за цел да го наруши мојот углед и да нанесе штета врз мене, а постоеше и опасност по мојата безбедност, меѓутоа опасност и по мојот живот“, заклучи Спасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа