Ѓорчев меѓу граѓаните: Ветуваме инвестиции, работни места и повисоки плати
За економијата, за стопанството е добро оваа политичка криза час поскоро да заврши, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев по вчерашната посета на Волковија и околните места.
-Доколку заврши оваа криза и имаме стабилна влада, ќе се вратиме на работите на кои значат развој, нови вработувања, отворање на нови работни места, зголемување на платите, раздвижување на економијата. Тоа е потреба и на стопанството и на претпријатијата, и на вработените, вели Ѓорчев.
Главниот акцент, истакна тој, во нашата програма ќе биде на економијата, новите работни места, зголемување на животниот стандард.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа