Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ е партија која создаде 160.000 нови работни места
ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што преку низата проекти што ги има имплементирано во последните години има направено големи промени во нашата земја, истакна денеска во Виница, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која има создадено 160.000 нови работни места, политичка партија која ја има намалено стапката на невработеност на историско ниско ниво. Тоа се должи на многуте мерки, програми и политики во областа на економијата кои што се изработени на суштински начин за да имаат вистински ефект во промената на животот на граѓаните и да создадат просперитетна и стабилна Р. Македонија, рече Муцунски.
Посочи дека новата политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најсеопфатна, со проекти кои што се изработени од многу граѓани, експерти домашни и странски.
-Сите тие проекти кои што ќе ги ветиме, ќе ги имплементираме така како што се ветени, во тие рокови и буџетски рамки. Веруваме дека на овие избори граѓаните на Р. Македонија ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе имаме 63 пратеници за да може да формираме стабилна Влада која што ќе се бори за унитарна Македонија која ќе биде подобро место за живеење, посочи Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа