Во Битола Кирацовски дели сомнителни партиски флаери и врши „притисок за фер избори“
Денес, дополнителниот заменик министер во министерството за информатичко опшество и администрација, Александар Кирацовски подели сомнителни флаери за кои не се знае дали се нарачани и испечатени од страна на неговата партија СДСМ или од нечии приватни џебови, се вели во соопштението на Општина Битола, пишува КУРИР.МК
Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:
Овие флаери со сомнително потекло се најдоа помеѓу вработените во општина Битола, после посетата и средбата на Кирацовски со секретарот на општина Битола, Слободан Бончаноски. На средбата се разговараше за претстојните парламентарни избори, како и за правото на избор на секој граѓанин, да гласа по сопствено убедување и без притисоци, што за администрацијата во Општина Битола, не претставува нова можност, туку востановена пракса, уставна и законска можност, секој вработен да има своја слобода на определување како избирач.
Тоа што овојпат се покажа како конфузно и невообичаено е содржината на промотивните материјали кои повикуваат на пријава на притисоци, со цел таквите пријави да резултираат со фер избори, а адресата за достава на пријавите води до лична страница на дополнителниот заменик министер, регистрирана со лични податоци на Кирацовски, а не на Министерството за информатичко општество и администрација.
На овој начин, директно, користејќи ја меѓуинституционалната соработка и отвореноста на институциите, СДСМ создава простор за партиска кампања, навлегувајќи директно во иституциите, дистрибуирајќи ги своите партиски пропагандни материјали и вршејќи притисок врз вработените во државната и јавната администрација.
Флаерите кои немаат никаква поврзаност со министерството за информатичко општество и администрација, покрај улога на политичка кампања, истовремено вршат притисок, но и прекршување на важечките закони, а упатуваат и на злоупотребата на службената должност, овојпат манифестирана преку вака организираните средби од страна на дополнителниот заменик министер, Александар Кирацовски. Иако денешната посета на општината беше реализирана во канцеларијата на секретарот, сепак, Кирацовски на крајот одлучи, изјавата за медиумите да ја даде пред општинската зграда, на местото каде што активистите на платеничката „Шарена револуција“ оставија „траен печат“ преку нивното вандалското однесување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа