Делев: Сконцентрирани сме на отворање на нови работни места
Денес сум во посета на Росоман и на целиот регион, каде што имавме средба со граѓаните и поразговаравме на неколку теми, а посебно сме заинтересирани за последните случувања и околу политичката криза во Република Македонија, како и можните решенија, истакна денеска Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најодговорната партија која е секогаш блиска со граѓаните која и понатаму ќе остане во контакт со граѓаните и ќе биде блиски до граѓаните. Целта на оваа посета е да видиме кои се проблемите на граѓаните, што би можеле да сториме во тој дел и во исто време да ја презентираме и новата програма која е една од најголемите и најобемна програма досега во историјата на Република Македонија, каде што сме концентрирани најмногу на економските реформи, инвестициите, како и отварање на нови работни места. Тоа врпочем го правевме во изминатите десет години, а ќе го правиме и во наредните години, ние не сакаме политички кризи, ние сакаме да ги решаваме проблемите на граѓаните, потенцираше Делов.
Тој вели и дека за жал опозицијата е партија која креира разни интриги, прави поделба во државата и наметнува некои решенија кои за нив се секако неприфатливи како што е јазикот. И како одговорна партија тие нема да ги прифатат предлозите од опозицијата, вели Делев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа