Ѓорчев: На Македонија и е потребна стабилна влада

 

На терен сме да се посетат што повеќе села, што повеќе градови за да се прати пораката дека  Република Македонија сака да заврши оваа криза, дека ни е потребна стабилна влада и дека Никола Груевски е човек кој најдобро може да се грижи за економијата, платите, пензиите. Дека стабилната Влада ќе може да ја врати Македонија на нормален и редовен колосек, истакна денес од Дебар Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме две гарнитури, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која сака што повеќе да се вратиме на редовните проблеми на потребите на граѓаните, што е можно побрзо да се вратиме на периодот на отворање на фабрики нови работни места, зголемување на плати, пензии, субвенции…и од друга страна ги имаме СДСМ и Заев кои сакаат што е можно подолга криза, што е можно полоши економски текови, помалку инвестиции, истакна Ѓорчев.

vlatko-gjorcev1

Тој испрати порака дека на 11 декември Република Македонија треба да гласаат.

 
 
20.10.2016 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега