Ѓорчев: Историска фактура на СДСМ се затворени фабрики, кризи и еднопартиски систем
Историјата веќе ја испорача фактурата кај СДСМ и таа се нарекува 50 години диктатура без ниту едни избори со сите пратеници од една партија, со сите градоначалници од една партија, 12 долги мандати од 4 години, рече на собраниската говорница пратеникот Владимир Ѓорчев.
-50 години диктатура на еднопартиски систем со голи отоци, со убиени струмички студенти, со убиени и егзекутирани луѓе на Кале. Тоа е историската фактура на СДСМ. Историската фактура на СДСМ е во 70 години постоење, да се победи само еднаш на избори на 15 септември 2002 година . СДСМ победи на 15 септември после рамковен договор и широка коалиција, тоа е трајната историска фактура на СДСМ, порача Ѓорчев.
Трајната фактура на СДСМ се по неколку фабрики затворени во секој македонски град, додаде тој.
-Историскиот аманет на ВМРО е 50 отворени фабрики. Покажете ми една фабрика во еден град што ја отвори СДСМ, нема ниту една, додаде Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа