ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите на СДСМ/СОРОС повторно лажат
Медиумите на СДСМ/СОРОС повторно лажат и манипулираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ ниту ги одобрува, ниту ги одбива кандидатурите за петтиот член-експерт во ад-хок телото за контрола на медиумите. Според договореното во Пржино, четворицата членови на ад-хок телото сами го одбираат петтиот член. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува работата на ова тело и изборот кој членовите на ад-хок комисијата ќе го направат за петтиот член на истата. Со ваквите ефтини лаги Бранко Героски со ПлусИнфо и останатите медиуми на СДСМ/СОРОС влегуваат во мрва трка со Мактел околу тоа кој прв ќе ги пренесе лагите создадени од фабриките на СДСМ, стои во соопштението на владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа