Груевски: Ние се водиме од вредности, а СДСМ од личниот интерес и желбата за власт
Ние веруваме во вредности, а не во омраза како СДСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.
-Ние сме партија која покрај проектите, делата и реформите, функционира и на база на идеологија која има свои столбови поврзани со нацијата, традициите, вредности и вредносни критериуми, семејството, заштитата на приватната сопственост, поддршка на сиромашните, помагање на претприемачите, односот кон индивидуалецот и неговата среќа, но и кон народот и државата како причина за наше постоење и дејствување како партија, интегритетот на поединецот и нацијата, образованието, патриотизмот, историјата на нашиот народ и граѓани, иднината на земјата, заедничките цели, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашата идеологија, додава Груевски, е поврзана и со нашето име на партијата и со историјата.
-Тоа длабоко вкоренето чувство на идеологија е особено важно во периоди на криза и тогаш е основното сврзно ткиво, особено меѓу оние што се во партијата од идеолошки причини. Кога веруваш во некои вредности и те носи некоја идеологија, подготвен си и на поголеми лични ризици, може и да паднеш од власт, но имаш сила пак да се повратиш и да успееш. Тоа членството на СДСМ го нема, или ако го има, е во минорна димензија. Нив ги води само личниот интерес и желбата за власт, за што се подготвени сè да направат, со секого да се здружат и подготвени се буквално на сè, вклучувајќи и за работи што се антидржавни. Тоа најчесто ги води во амбис. Затоа таму се инфилтрираат различни групации кои не можат да се идентификуваат едни со други.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа