Скопje создава речиси половина од македонскиот БДП
Скопскиот регион со 42,8 проценти има најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, а Североисточниот со 5,5 отсто најмало.
Скопскиот регион остварува и за 44,8 проценти повисок бруто-домашен производ по жител од просечниот на републичко ниво, а по него следат Југоисточниот и Вардарскиот регион со повисок производ за 11,4, односно 4,2 отсто. Најмал бруто-домашен производ по жител има во Полошкиот регион и тој е за 52,6 отсто понизок од просечниот во Република Македонија
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа