Не им доаѓа памет: 253 лица немале возачка, 131 биле пијани
Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина. Исто така, евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, 192 лица некористеле сигурносен појас, 58 возачи на моторцикли не користеле заштитен шлем, 68 возачи говореле на мобилен телефон, 15 минале на црвено светло, а прекршочно биле казнети и 11 пешаци.
Инаку досега, односно за првата половина од овој месец – заклучно со податоците од 16 март, од сообраќај вкупно беа отстранети 1154 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 487 возачи паднале на алкотест, додека пак дури 2790 возачи добиле прекршочни казни заради прекорачување на пропишаната брзина на движење.
Од вкупниот број издадени платни налози – 11750, 925 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 473 - за говорење на мобилен телефон при возење, а казнети се и 324 пешаци. Исто така, 2591 прекршочни пријави се однесуваат на неправилното паркирање, а поради техничка неисправност од сообраќај биле отстранети 97 возила, како и уште 278 возила кои што биле нерегистрирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа