Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци: Сакал да подигне кредит со туѓа возачка

 


Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против жител на село Могорче поради „злоупотреба на лични податоци“.

- Кривична пријава е поднесена против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Како што соопшти,  Ќ.М. на 11 март годинава влегол во канцеларијата на експозитура за брзи кредити и доставил возачка дозвола од друго лице со која сакал неовластено да подигне пари. 

09.12.2024 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега