И го запалиле бмв-то на охриѓанка - пожарникарите го гаснеле пожарот цела вечер
На 05.01.2025 во 21.30 часот во СВР Охрид, С.В.(50) од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на ул.„Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
06.01.2025 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа