Ги "натовариле" колите со мигранти - Скопјани фатени на дело

 

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце лишиле од слобода неколку лица кои превезувале мигранти.

МВР информира дека вчера околу 12.50 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, биле лишени од слобода  А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од селото Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко.

Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

11.02.2025 - 11:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега