ФОТО: Платиле 2.100 евра за вечера во ресторанот на познатиот готвач - луѓето запрепастени од цените
Турскиот готвач Нусрет Гокче, на социјалните мрежи познат под името Солт Бае, сопственик на ланец ресторани, стана популарен поради начинот на кој го зачинува месото.
Имено, откако ќе го исече бифтекот, тој го соли така што ја превиткува раката кај лактото, за солта да паѓа по целата негова рака се до месото.
И тоа движење му донесе слава и милиони, па сега веќе отвора ресторани и низ светот. Во моментов има 17, а неодамна е отворен и еден во Лондон, каде луѓето се шокирале од цените.
View this post on Instagram
Маж на Твитер ја објавил сметката после вечерата во ресторанот на Нусрет, на која се гледа дека платил 1.812 фунти, што е околу 129,213 енари, а 263 фунти односно 16.900 денари биле одвоени само за бакшиш.
Волкава сметка направиле 8 гости, а луѓето биле крајно изненадени од цената на сокот, кој чини 9 фунти или 640 денари, како и фактот дека 4 Ред Була биле наплатени 44 фунти или 3.000 денари.
„Што е по ѓаволите златен бургер? Сто фунти, дали е тоа најдобриот бургер на светот? И 630 фунти за бифтек? Би одбила да платам и би излегла, ова е лудост“, пишува во коментарите на Твитер.
44 great british pounds for 4 redbulls… having a laugh. pic.twitter.com/xgzs8f2cEu
— Jamz (@jjamz_) September 26, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа