ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ вришти „ДУИ е криминална“ се спрема ново кршење на правата на Албанците
Секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ бо координација со Олигархијата вришти “ДУИ е криминална”, тоа е јасен сигнал - нова прекршување на правата на Албанците се спрема, обвинуваат од опозициската ДУИ.
Според партијата, ова е стара шема на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е нивната стара шема: секогаш кога се загрозуваат правата на Албанците, секогаш кога се обидуваат да сокријат етничка неправда, тие ја користат истата тактика - неосновани обвинувања за криминал, за да го одвлечат вниманието од нивните вистински постапки. Како што е добро познато на јавноста, договорот помеѓу нив и олигархијата е: за да се потчинат Албанците, потребно е политички да се ослаби ДУИ и да се регрутираат “Чесни Албанци”. Да биде јасно: ова не е битка против корупцијата, туку обид за зачувување на политичката доминација и за одржување на Албанците во потчинета позиција. Но, граѓаните не можат да бидат измамени - тие знаат дека секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ и нивната Олигархија вришти “криминал”, всушност се обидуваат да прикријат етничка неправда, велат во соопштението од ДУИ.
Оттаму тврдат, немала до дозволат Албанците да бидат жртви на оваа стара стратегија.
-Ќе ги браниме нашите права и нема да дозволиме никој да ја користи пропагандата за да оправда дискриминација, се вели во дописот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа