Дрвошанов: Владата успешно ги постави темелите на кои ќе почне да се гради една стабилна и брзорастечка економија
Жан Дрвошанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа по ребалансот за Буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Тој истакна дека благодарение на посветеноста на Владата постигнат е раст од 3% на БДП за краток период и успешно се поставени темелите на кои ќе почне да се гради стабилна економија.
,,Имаме пред нас доставено предлог на Ребаланс на буџетот за 2025 година во кој се предвидува прераспределба на финансиски средства помеѓу буџетските корисници и од негова анализа можеме да констатираме слободно дека за се работи за продолжување на политиките со фискална консолидација и макроекономска стабилност. Со елементи на развој, развојна компонента, а притоа можеме да забележиме дека нема драстични сериозни промени во соодносот помеѓу приходите и расходи што значи дека буџетскиот дефицит останува ист“, рече Дрвошанов.
Дрвошанов истакна дека благодарение на доброто буџетско планирање, измените и дополнувањата не предизвикуваат значајни отстапувања од првичните проекции. Тој додаде дека стабилното ниво на буџетскиот дефицит укажува на континуирана фискална стабилност.
,,Имаме одлично планирање на буџет и затоа измените и дополнувањата немаат сериозни отстапувања или имаат незначителни отстапувањата од првично предвидените параметри и можеме да кажеме дека министерството за финансии има предвидливост во однос на приходите и расходите. Како и самиот факт дека буџетскиот дефицит останува на исто ниво, немаме некои сериозни промени во однос на општиот или иницијалниот буџет“, кажа Дрвошанов и додаде:
,,Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата мораше со ребалансот за 2024 година да направи сериозни измени и дополнувања бидејќи во основниот буџет не беа предвидени многу сериозни износи на финансиски средства за подмирување на многу обврски кои државата мораше да ги подмири во 2024 година“, вели Дрвошанов.
Дрвошанов ја пофали работата на Владата и истакна дека за краток период е постигнат раст од 3% на БДП.
,,Благодарение на способноста на новата Влада на Република Македонија и министерката за финансии со тимот од Министерството за финансии се успеа да се обезбедат овие финансиски средства. Се успеа за краток период да се постигне раст на БДП од 3% во три последователни квартали, што е за пофалба. Од една уништена економија за кратко време се поставија темели на кои ќе почне да се гради една стабилна и брзорастечка економија“, заклучи Дрвошанов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа