Ана од ДНК скршена од тага: Остана само пепел, си замина моето второ семејство

 

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот.

Таа се огласи за прв пат по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом.

-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.

За својата другарка и колешка Сара Пројковска напиша: - Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден.

Погребот  на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

Денеска ќе биде погребан и Андреј ДНК.

20.03.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега