Пукотници во скопско - еден ранет
Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош.
Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
20.03.2025 - 15:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа