Алијансата за Албанците: Министерот Лимани ги откри плановите за партизација на центрите за социјална работа

Изјавата на министерот Фатмир Лимани ги потврди сите наши сомнежи дека тој и коалицијата во учествува се посветени само на тесни групни и партиски интереси, велат од Алијанса за Албанците.

„Откако му беа потребни над два месеци и нашата реакција да го прифати непобитниот факт на непотизам, сакајќи да го покрие овој скандал, Лимани откри уште поголем скандал. Тој вети дека ќе го разреши неговиот брат од функцијата директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево, но истовремено најави дека оваа функција ќе му припааѓа на ДД на Изет Меџити.
Ова најава претставува флагрантно кршење на законите како и целосна партизација на институција која би требало да биде независна, предводена од професионален, а не од партиски милитант“, истакнуваат во реакцијата.

Министерот Фатмир Лимани со оваа изјава покажа, како што додаваат, дека ВЛЕН без легитимитет влезе во Владата само за да ги зароби државните институции.

„Ги повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да отворат предмет за овој случај, а министерот Фатмир Лимани да поднесе оставка од функцијата и од тенденциите за партизација на еден многу чувствителен и важен сектор за граѓаните“, потенцираат од Алијанса за Албанците.

 
30.08.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега