Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска

 

Oбјавeн е кодексот на однесување од страна на Хрватската ракометна федерација за навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.

Наведено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.

Ова се правилата кои мора да ги почитуваат навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите:

1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)

2. Забрането:

-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.

-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.

3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.

14.01.2025 - 20:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега