ВИДЕО: Самохрана мајка сама си направила куќа - рај од 18,5 квадрати за кој сите зборуваат

 

До неодамна, Мишел Боил била принудена месечно да изнајмува куќа во Орегон за 1.173 евра.

Поради високата кирија, а малата плата, Мишел немала никакви шанси да заштеди. Се’ што заработувала работејќи во кафуле го давала на трошоци и храна.

Едвај сврзувала крај со крај, се’ до моментот кога нејзините деца се осамостоиле. Тогаш  Мишел одлучила да ги преземе работите во свои раце. Решила сама да си изгради мала куќичка.

Почнала да проучува туторијали во кои луѓе зборувале како изградиле мали куќички. Успеала со многу малку пари да изгради куќа во која се преселила од големата куќа што ја изнајмувала.

Мишел месечно трошела по 1.173 евра за изнајмување куќа што имала три спални соби, кујна, тоалет, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 квадрата. За изнајмување на малото парче земја на кое и’ стои куќичката. Мишел плаќа само 58 евра, а во овој износ се пресметани и приклучокот за струја, вода и Интернет.

„Не само што сама си ја изградив куќата, сама и ја проектирав“, открила Мишел.

Целиот мебел во куќичката е од 40-тите или 50-тите години од минатиот век. Оваа храбра жена две години собирала мебел, имајќи предвид дека еден ден ќе има своја куќа.

Кога ќе ги погледнете фотографиите и видеото, ќе добиете чувство дека куќата е поголема од 18,5 квадрата. Меѓутоа, Мишел изјавила дека е посреќна во оваа куќичка одошто во онаа што ја изнајмувала додека децата живееле со неа.

Денес, Мишел гради и проектира куќи и за други луѓе што сакаат да ги намалат животните трошоци. Нејзиниот сон станал нејзина работа со поголеми приходи одошто некогаш се надевала!

09.09.2021 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега