Уапсена измамничка од Битола - има 6 години затвор за лежење

 

Полицијата вчера претпладне привела 59 годишна битолчанка која се барала за одлежување на казна затвор откако претходно била осудена на 6 години затвор за измама.

На 09.01.2025 во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ" во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола. Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

10.01.2025 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега