Тетовските пожарникари спасиле 11 патници кои од комбе кое се заглавило кај Желино

Повеќе од 20 повици добиле тетовските пожарникари по вчерашните поплави во и околу градот.

Како што објави „САКАМ ДА КАЖАМ“, најкритично било во Желино каде во подвозникот по кој поминува локален пат во насобраната вода се заглавило комбе во кое имало 11 патници.

Поради висината на водата патниците не можеле да излезат од возилото, па биле повикани пожарникарите од Тетово.

-Во интервенцијата учествувале четворица пожарникари кои успеале безбедно да ги извлечат патниците и возачот од комбето, пишува „СДК.мк“.

05.10.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега