Тешко повреден велосипедист од Прилеп
На 05.04.2025 година во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.(50), инаку двајцата од Прилеп.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
06.04.2025 - 15:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа