Ана од ДНК која го преживеа пожарот во Пулс за пресудата за Теодора: Доста е!
Остри реакции и гнев предизвика пресудата која вчера ја донесе Судот во Тетово, за случајот со 22-годишната Теодора Ристевска која беше прегазена и усмртена во септември 2022 од страна на Менсур Пајазити.
Судот на вчерашното рочиште донесе одлука обвинетиот Менсур Пајазити, да добие двегодишна казна за смртта на младата Теодора.
По одлуката се огласи и Ана Костадиновска која настапуваше заедно со бендот ДНК кобната ноќ на 16. март и ја преживеа трагедијата.
Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.
Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа