Со корсетот ги стегна градите, само што не пукне: Ирина никогаш пожешка (ФОТО)

 

Руската манекенка Ирина Шајк (35) е една од најубавите жени во светот, па не е изненадувачки што ниту една од нејзините прошетки не може да остане незабележана.

Имено, манекенката шеташе низ Њујорк и чекаше нејзината ќерка Лео Де Сен да излезе од градинка, а додека одеше, многумина се свртеа по неа.

Ирина носеше широки фармерки со низок струк, спуштени на колковите и црн корсет што го истакнуваше нејзиното бујно, тесно деколте.

Таа изгледот го надополни со чевли и очила за сонце, а во рацете носеше кожна јакна. Инаку, некое време се шпекулираше дека Шајкова е заљубена во раперот Кание Вест (44), што беше потврдено кога беа фотографирани на романтичен одмор во Франција.

18.06.2021 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега