Северина по рочиштето за старателство: Мислам дека ова беше веќе договорен случај

 

Поранешните партнери Северина Којиќ и Милан Поповиќ се појавија во судот во Сплит на рочиштето за старателството на нивниот син Александар.

Поповиќ не зборуваше пред медиумите, но Северина рече дека се надева оти ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од празниците, колку што го гледа сега, според судската одлука.

-Мислам дека ова беше веќе договорен случај, дека детето ќе биде однесено во Србија и оти никогаш повеќе нема да го видам. Мојот син е сега со мене, имаме летни одмори до 15 јули, подоцна ќе одиме на море, изјавила Северина.

 

 

06.07.2021 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега