Серија апсења во Македонија - приведени седум лица


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на големо при што приведени се седум лица.

Вчера во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво". Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

 
Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.М.(35) од Скопје затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја  и таблети. 
 
Денеска во 01.35 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(25) од с.Ерџелија, светиниколско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. 
Вчера во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(37) од Струмица затоа што кај него пронајдена марихуана. 
 
Вчера во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. 
 
Вчера во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода Р.Б.(47) од Валандово. Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
Вчера во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 
28.09.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега