Се запалија возила кај Психијатриската болница во Бардовци

 

Попладнево гореа автомобили кај Психијатриската болница во скопско Бардовци.

Според информациите, пожарот избил на плац со стари возила. Скопската Противпожарна служба информира дека се запалени пет автомобили, а нема повредени, ниту е зафатената болницата.


 

„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната.

09.04.2025 - 22:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега