Се качил на мотор па го застанала полиција - "Дувнал" 1,73 промили алкохол

 

На дел од возачите во Македонија не им доаѓа памет, па и покрај засилените контроли и казни, сепак прават прекршоци со кои го загрозуваат и својот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Во 3 часот по полноќ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, бидејќи кога го сопреле со неговиот мопед „кимко“, констатирано било дека го возел под дејство на алкохол.

МВР информира дека на кумановецот му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

09.04.2025 - 11:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега