Ресенчанка тешко повредена: Со автомобил удрила во метална ограда
28-годишна девојка е тешко повредена откако со возило удрила во метална ограда.
На 04.12.2024 во 07.58 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, кај место викано „Сопотски ливади“, патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) од Ресен удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Клиничката болница Битола, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.
05.12.2024 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа