Психичкото здравје на принц Чарлс е нарушено: Престолонаследникот доживеал нервен слом, а ова е причината
Принцот Чарлс наводно доживеал нервен слом, а причината се принц Хари и Меган Маркл. Според медиумите, 72-годишниот престолонаследник на сите начини се обидува да ја задржи насмевката на лицето и да не покаже во јавност колку му е тешко.
Наводно, големо влијание врз неговото ментално здравје имале постапките на „побегнатата двојка“. Притисокот бил голем, па така анонимен извор раскажал дека на принцот од Велс неодамна му била дијагностицирана депресија.
„Едноставно, повеќе не можеше да се справува со бруталните напади и омразата што Хари и Меган ја ширеа последниве месеци. Индиректно го обвинија дека е чудовиште и ја обвинија мајка му, кралицата Елизабета Втора. Чарлс тоа никогаш нема да им го прости“, раскажал изворот и додал дека неговата сопруга Камила веднаш се консултирала со лекари за да не се влоши неговата состојба.
Медиумите наведуваат и дека Чарлс сега е во процес на лекување и учи како да се справи со гневот што му се насобрал и со емоциите, па поради сето тоа, меѓудругото, ја пропуштил и средбата со помладиот син кој поминал една недела во својата татковина, поради откривањето на споменикот во чест на трагично загинатата мајка, принцезата Дијана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа