Принцот Чарлс одлучи да ги промени правилата: Неговите внуци нема да добијат кралска титула

 

Британското кралско семејство кое го краси долга традиција, како и обемната листа на неговите членови кои живеат "на висока нога", тамошната јавност е со сѐ помала наклонетост кон него. За тоа е свесен и принцот Чарлс, кој е прв на ред за престолот.

Медиумите пишуваат дека Чарлс поради тоа смислил долгорочен семеен план по кој значително ќе се намали бројот на членови на монархијата, а сѐ поради притисокот од јавноста. Најсилниот притисок го добил кога се дознало дека децата на принцот Хари и Меган Маркл никогаш нема да добијат никаква титула. Секако, доколку Чарлс го преземе тронот.

Според сегашните правила, внукот владетел има право да биде принц, но и монархијата се менува одвреме навреме па би можело да дојде до уште една промена која нема да му се допадне на Хари неговото семејство кое моментално живее во САД.

-Чарлс сфаќа дека јавноста не сака да плаќа за огромна монархија. Со ова темпо, балконот на Бакингамската палата веројатно би се срушил, тврдат од палатата, а пренесуваат британските медиуми.

26.08.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега