Поранешната сопруга на Еминем се обидела да се убие

 

Ким Скот, поранешната сопруга на раперот Еминем, се обидела да се самоубие и итно била хоспитализирана со исеченици на рацете и на нозете, објави TMZ.

Таа и спротивставила на полицијата која дошла заедно со итната медицинка помош по повикот дека некој се обидува да си го одземе животот во нејзината куќа во Мичиген.

Болничарите и полицијата ја нашле Ким Скот во локви крв. Таа била итно пренесена во болница на лекарски и психијатриски прегледи. Моментно таа се опоравува во својот дом, но во јавноста не е познато дали има и дополнителна помош.

Еминем, чие вистинско име е Маршал Мaтерс, два пати беше во брак со ким. Прв пат се разведоа во 2001 година, па повторно се венчаа во 2006, но нивниот втор брак потоа траеше само неколку месеци. Од бракот тие ја имаат ќерката Хејли Џејд.

Ким Скот се обиде да си го одземе животот и во 2015 година. Подоцна таа изјави дека Еминем по тој инцидент и пружил голема поддршка.

„Ми пружи голема поддршка. Ние навистина сме блиски пријатели. Се обидуваме заедно да го одгледуваме ќерката и да и овозможиме нормален живот“, вели поранешната сопруга на Еминем.

11.08.2021 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега