Полска: Паднаа 75 луѓе - дистрибуирале детска порнографија
Полското национално обвинителство денеска соопшти дека во операција ширум Полска уапсени се 75 лица под обвинение за производство, дистрибуирање и чување порнографски материјали.
Акцијата во која учествувале 400 полицајци, била спроведена помеѓу 21 и 25 октомври, при што се запленети повеќе од 1,1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници.
Меѓу запленетите материјали има и фотографии од деца преземени од социјалните мрежи. Тие беа собрани од профилите на нивните родители, а фотографиите беа поставени со отворен пристап.
– Во оваа фаза, тешко е да се каже дека овие луѓе дејствувале како дел од многу јасно дефинирана мрежа, изјави портпаролот на Обвинителството.
Осомничените – 65 мажи и 10 жени на возраст од 16 до 78 години, доколку бидат прогласени за виновни може да се соочат со казна затвор до 15 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа