Ослободете се од целулитот: Ви требаат 3 состојки и 10 минути
За да се спасите од целулитот, не е доволно само да јадете повеќе овошје и зеленчук и да конзумирате течности. Важно е да го стимулирате крвотокот во засегнатите зони од телото.
За таа цел можете да ја направите следната процедура, која има моќен тонизирачки пилинг ефект.
За да ја подготвите оваа чудесна смеса, ставете 3 супени лажици глина, 2 супени лажици мелено кафе или талог од кафе и 3 капки етерично масло од рузмарин.
Растворете ја глината во топла вода додека се претвори во каша, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро измешајте.
Намачкајте ја маската на зоните со целулит и масирајте енергично околу 10 минути. На крајот исплакнете со топла, а потоа со ладна вода.
Ќе го почувствувате затегнувачкиот ефект уште по првата процедура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа