Оскарот на „Моќниот Џо Јанг“ може да достигне цена од 500,000 долари на аукција

 

Многу ретко се случува на аукција да се продава трофеј „Оскар“ од Златното доба на Холивуд.

Во претстојните денови, љубителите на меморабили и фановите ќе имаат шанса да ја купат златната статуетка што ја освои црно-белиот фантастичен филм „Моќниот Џо Јанг“ (1949) за најдобри специјални ефекти.

Вилис О’Брајан, пионер во специјални ефекти во филм, кој се специјализираше за stop-motion анимација, на крајот дома однесе „Оскар“ за неговата револуционерна работа, која вклучуваше трансформација на куп дрва, катранска хартија и стари ленти во 80-метарски горила за филмот.

Статуетката ќе биде ставена на аукција на 16 јули, како дел од продажбата на забавни меморабили на Heritage Auctions.

Почетна понуда од 250,000 долари е објавена на веб-страницата, но „Оскарот“ се очекува да се продаде за околу 500,000 долри, според „ТМЗ“.

06.07.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега