Охрид: Лихвари изнудиле 9.7 милиони денари, поднесена кривична пријава

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. 

Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари.

04.03.2025 - 13:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега