Од кралица на турските серии до кралица на скандалите: Актерката си го наруши угледот
Пред десет години Туба Бујукустун (38) медиумите и критичарите ја нарекуваа кралица на турските серии, но пред три години добила епитет кралица на скандалите.
„Актерството е прекрасна, но и многу тешка работа. Мора да имате некој кој дополнително ќе ве охрабрува и ќе ве турка напред. Без вистинска поддршка лесно се пропаѓа, а психичките последици, како што гледам по многу колеги, можат да бидат кобни“, рекла во една интервју турската актерка.
„Њујорк тајмс“ ја рангираше меѓу 100-те најсексапилни жени во светот, а 'ќерката на Амбасадорот' е нејзиното враќање на екраните по тригодишната пауза од актерството и низа скандали.
„Моето детство беше обично и среќно. Беше нормално. Единствена жена сум во семејството, па сум им драгоцена на сите. Како девојче сакав да бидам инженер, студирав за уметнички директор. Во еден период сакав да станам и докторка, а потоа актерка. Не знам како се случи тоа. Мислам дека е судбина. Почнав да глумам, а две години подоцна одлучив тоа да ми биде животен повик“, вели Туба.
Иако до пред три години беше една од омилените турски актерки, денес за неа најчесто се пишува во контекст на скандали.
„Животот не е само прекрасни моменти, животот не е исполнет исклучиво со успеси и победи, туку и со порази и грешки. Ме растажува кога ќе слушнам зошто луѓето ме осудуваат и мразат“, рекла Туба во една прилика, осврнувајќи се на негативните коментари со кои се носи во последните години, а многумина ја прозиваат како арогантна и вообразена.
Нејзиниот углед бил совршен сè до моментот кога се венчала со колегата Онур Сајлак. Се запознале на сетот на серијата „Аси“. Во тоа време се пишуваше дека вереникот Онур го оставила токму поради Сами Сајдан.
„Тој е единствениот човек поради кој се чувствувам добро, не ми се потребни зборови, само ќе го погледнам во очи и знам дека е сè во ред. Поради него се ослободив од напнатоста и стресот“, раскажала Туба, но признала и дека романсата помеѓу нив не била толку совршена.
„Бевме пријатели четири или пет години, потоа станавме љубовници, живеевме заедно два месеци,но не ме увери во брак, тоа едноставно се случи. Онур многу добро ме познава и знаеше дека мора набрзина да се венчаме, бидејќи ако потраеше врската, никогаш не би се венчала. Секогаш имав страв од брак, бидејќи многумина поради него се откажуваат од себе“, раскажала актерката која се венчала во Париз во 2011-та година, а една година подоцна ги добиле близнаците, денес двегодишните Маја и Топрак.
„Сакам да поминувам време со моите ќерки. Во првите седум месеци од нивното раѓање, се грижевме за нив само јас и сопругот. Онур е прекрасен татко кој постојано се грижи за нив“, рекла Туба, на која породувањето ѝ било трауматично искуство.
Во деветтиот месец од бременоста паднала во кома, а поради неприродната положба на едно од бебињата се породила со царски рез.
„Никој не зборуваше со мене за породувањето. Нема да верувате, но во бременоста ме смируваше филмот 'Junior', во кој Арнолд Шварценегер глуми бремен маж. Кога го гледав филмот, си велев: 'Моите чувства се нормални'. Чувствував олеснување поради фактот дека во филмот маж е бремен“, рекла актерката и мајка на близнаци.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа