Облечете се вака и струкот ќе ви изгледа дупло повитко - трикови кои секоја жена треба да ги знае
Речиси секоја жена сонува да има фигура на песочен часовник, а со овие трикови, возможно е да се постигне тоа за неколку минути.
Иако вежбањето и здравата исхрана се сигурен пат до посакуваната фигура, доколку ви требаат резултати веднаш, добро ќе ви дојдат овие стилски совети. Ако се облечете вака, струкот ќе ви изгледа двојно потенок…
Одвлечете внимание
Голите рамена се одлично решение, како и нагласеното деколте, бидејќи ќе го одвлечат вниманието од струкот.
Панталоните со висок струк ви се најдобар пријател
Панталоните со висок струк совршено ќе ви ја обликуваат фигурата и ќе создадат изглед на песочен часовник.
Совршена боја и уште подобар крој: Рита Ора прошетала…
Cut-out, ултимативниот тренд оваа сезона, неочекувано може да им ласка на облините или да создаде илузија на облини таму каде што ги немате. За таа цел може да ви послужи и кратката маичка што открива само мал дел од кожата над здолниште или панталони со висок струк.
Размислете за потполнки
Широките рамена автоматски создаваат изглед на песочен часовник и за миг прават струкот да изгледа визуелно потенко. Добрата вест е што потполнките се актуелни и оваа сезона, а на врвот на модната листа ќе се задржат уште некој период. Затоа, слободно набавете си маици, кошули и фустани со овој детаљ.
Предимензионирана кошула
Многу практичен тренд што го обожаваме, бидејќи дозволува бројни можности за стилизирање, а можеме да ја користиме и за да го нагласиме струкот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа