Драма во Охрид: Маж барал откуп за жена, дете и баба

 


Ноќеска во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.

Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д..

СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување  на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

18.05.2025 - 13:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега