Ученици од Софија собраа над 2.500 евра за настраданите во Кочани
Учениците и наставниците од Основното училиште „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане покажаа исклучителна емпатија и хуманост, одлучувајќи ја пренаменат целта на нивниот традиционален Велигденски хуманитарен базар, во знак на поддршка на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави „Инфомакс“.
„Децата беа длабоко потресени од веста за трагедијата и самите предложија парите од базарот да бидат донирани за помош на настраданите и нивните семејства“, информираа од училиштето.
На базарот, кој се одржа во пресрет на велигденските празници, беше собрана значајна сума од 5.300 лева, што изнесува над 2.500 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа