Жена почнала да дивее кога и се приближила полиција

 

Жена била приведена од страна на македонската полиција, кога утрово по полноќ почнала да дивее и агресивно се однесувала кон полициски службеник.

СВР Велес јавува дека утрово во 3:30 часот на улица Страшо Пинџур во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што агресивно се однесувала кон нив додека извршувале службени дејствија.

Таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

17.04.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега