Утре без струја делови од Кисела Вода и Чучер Сандево

 

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ крак – 24, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селото Бродец.

02.03.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега